1. |
||||
Ставен да лежиш во капсула,
од ходникот ладен - разговор таен,
кошмарот заврши, пеколот почнува.
Можеби братче се заеба, АХА!?
Огласот јасно го прочита, прифати,
твојот профил им одговара.
Немаш ни работа, ниту фамилија,
коцката фрлена, кучешка судбина!
Семоќна нула!
Мрачен талент!
Војник на судбина!
И сега програмата почнува,
вештината твоја беспрекорна,
живот на земја е ебана досада,
баци го крстот, наплати ја сметката.
Апокалипса сега, апокалипса утре,
апокалипса задутре, и цел космос у курац.
Кругот се затвара!
Нула оформена!
Политика и заборав!
Години подоцна, автономија потврдена,
литерарен труп седнат на својот престол.
Околу него, вселенски деца и трогради конкубини,
шири зборови на мудрост, зборови на лудило.
Ако имаш верба во себе, а никој во тебе.
Ако се предаваш, а не се откажуваш.
АКО, АКО, ЕХОООО!!!
Нужност и решителност = време добро потрошено!
|
||||
2. |
||||
Почетна точка - стагнација!
Стагнаторот притиска, дервишот танцува.
Овој стан веќе не се издава,
во него проститутка деформирана.
КРВАВ! СУД!
А на исток - глупи циганишта.
Инсенс, ајурведа, ХАХАХАХА!
Зафаќаш пасивна позиција,
завршна точка - стагнација.
А јас сум негде, надвор од сè.
Тотално пасивен, сиот наркотичен.
Тело врз тело, телесна топлина,
сите на вага, судот е крвав!
|
||||
3. |
||||
Џигер на бајонет, прозак за целиот свет!
Џигер на бајонет, прекрасен целиот свет!
Чекај кај светлината, конците ги кинам.
Време е да се случи нешто посебно, нешто исклучително.
Ми беше другар, разбираш ужас.
Џигер на бајонет, прозак за целиот свет!
Ордени на храброста, катетер меѓу колена.
Болката е длабока, затоа нејќам назад.
Ми беше другар, разбираш ужас.
КОМБАТ ШОК!
Мамо! Тато!
Џабе ми збориш, само ме буниш,
пострауматски стрес - борбен шок и неживот.
Твојата должност да примиш пораз,
е ништо повеќе од човечка девиза.
И сега висам на врв на зграда, спремен да летнам
и бетонот да го бакнам... ааааААААА!
|
||||
4. |
||||
Време, господа, време.
Време е пари!
Направи место,
ќе полниме танкери.
Се е надвор од наши раце,
стави ја совеста на автопилот
и одбројуваме.
Време е пари!
И ова признание,
ништо не значи.
Иста кампања, ист плакат
безживотно тело со откинат врат
само ти донирај, криминалецу беден
сите измамени, сите до еден
Ја осеќам земјата, под нозе се рони!
|
||||
5. |
||||
Јас одрекувам, во глава
се витка реалноста.
Дванаесет месечеви мени,
Марс е присутен - нешто се спрема.
Небото лие, небесно ѓубре
човек е роден засекогаш тврдоглав!
Јас одрекувам, во глава
се витка реалноста.
СТЕГА - ЗМИЈА!
|
||||
6. |
||||
Стомакот се превртува.
Можда е нешто што си јадел,
а сите знаеме си јадел.
Работа во прогрес,
никад не попуштам,
нигде не одам.
Гомно, те молам, излези надвор.
Јас сум уметник, целиов стрес,
врзан во чвор, ич не ми годи,
затоа вака се празнам.
Само ти провоцирај,
уво ке сечам, жими сестра -
ТИ ВИКАМ!
Минус дискредитација.
Секогаш на врвот на играта.
Живот е применета уметност,
применета уметност е живот.
|
||||
7. |
||||
Зар една грешка ја зема мојата чест
стално зад пети вребаш, ненаситен
Јас никад не се курвам, о не не не
моите чувства ги фрлам насекаде.
Од утро до вечер со нозе потечени,
вечито газен од системот робовски
контаминирана душа од лични предрасуди,
однадвор дарежлив, одвнатре рептил
кој кожа ми допрел во камен се претворил.
Нема веќе што да кријам,
пантер на слобода, вријам
Луцифер, тие се криви
куќа ми земаа, и уште се живи.
Луцифер, имам визија чиста,
распнати тела, на крстови триста.
КАЛИ ЈУГА
КАЛИГУЛА
ЦРНА МАГИЈА
|
||||
8. |
Будно око (Budno oko)
02:18
|
|||
9. |
||||
Фан број еден!
Фала за метастазите, многу мангупски потег.
Лесен како пердув, дај му само брис.
Почитуваш закони за невиност на деца...
И родители кои некогаш биле деца.
Се збогуваш со саканата,
пред супермаркетот групна престрелка.
Лесен како пердув, дај му само брис.
|
Streaming and Download help
If you like STAGNATOR, you may also like:
Bandcamp Daily your guide to the world of Bandcamp